Петров: Сорос Фондацијата треба да се забрани и протера од државата!

Тодор Петров, претседателот на Светскиот македонски конгрес, на својот профил на Фејсбук, синоќа напиша дека „Фондацијата на Сорос треба да се забрани и протера од земјава“.

„Сорос Фондацијата треба да се забрани и протера од државата! Забрането е финансирање на политички кампањи и партии од јабана… Сорос Фондацијата ги финансира сите антимакедонски и антидржавни кампањи во Македонија. Но, тоа не се прави со протести, туку со решение на Владата. Така делува суверена држава, сѐ друго е бадијала. SOROS OUT OF MACEDONIA! Ширете ја оваа вистина на сите социјални мрежи без резерва!!!“, напиша Петров.