Петровец ќе добие нова градинка

Петровец ќе добие нова градинка

Премиерот Никола Груевски во присуство на министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и градоначалникот на општина Петровец Борче Митевски го постави камен темелникот на новата градинка во оваа општина.

во 2009-та година,  15 семејства имале трето дете, додека во 2014 дури 38 семејства се одлучиле за трето дете.
во 2009-та година, 15 семејства имале трето дете, додека во 2014 дури 38 семејства се одлучиле за трето дете.

Истата ќе биде во капацитет за 80 деца и ќе го реши проблемот на родителите во Петровец.

Премиерот истакна дека изградбата на градинката е дел од програмата на ВМРО-ДПМНЕ во која она што е ветено се остварува.

Потребата за нови градинки е потреба на многу општини. Проблемот со наталитетот претставува голем проблем за Европа и Република Македонија. Владата на Македонија спроведува мерки со цел да ги поттикне родителите да имаат повеќе деца и да ги прошират своите семејства. Оттука за нас претставува големо задоволство фактот што во повеќе места во земјава постепено почна да се јавува потребата за отворање на нови градинки, што значи дека се раѓаат повеќе деца, а државата се подмладува и дека ќе има на кого да го оставиме сето она што го создаваме денес, посочи Груевски.

Премиерот истакна дека во 2009-та година,  15 семејства имале трето дете, додека во 2014 дури 38 семејства се одлучиле за трето дете. Тоа, како што напомена тој,  значи дека мерките даваат резултати, и владата ќе продолжи да работи да ги стимулира родителите да имаат три и повеќе деца.

Само од средината на јуни до средината на август изградени се четири градинки низ Македонија.