Петровски: Договорот со Бугарија е вовед во промена на името на земјата

Режимот којшто е воспоставен на чело со Заев одбива да го даде на увид на македонската јавност и на политичките партии, како и на стручните лица документот кој треба да се потпише со Бугарија. Она што досега го знаеме како информација од бугарската страна дека навистина станува збор за еден чин на велепредавство и еден чин на избрзување и потпишување на договор кој не се знае какви се импликации ќе има врз Македонија и севкупно предавство на македонските државни интереси, изјави во Филип Петровски поранешниот директор на Државениот архив во вестите на телевизија Алфа.

„Да не се разбереме погрешно, јас сум за добрососедство со Бугарија и ние треба да бидеме блиски и познавајќи ја историјата ние имаме исти интереси. Сега слушаме дека ќе има контрола и врз медиумите и дали едно вакво интервју ќе биде казнето и цензурирано? На македонската јавност ѝ е позната пропагандната машинерија која што ја има Заев и беше сервирано дека само што ќе отиде Димитров во Атина сѐ ќе се заврши, бидејќи станува збор за нова гарнитура и тоа е лажен триуфализам и енергија која се распука како меур од сапуница бидејќи Атина не ги промени своите ставови“, потенцираше Петровски.

Истакна и дека треба да имаме добрососедство и тоа мора да се базира врз рамноправни основи, треба да бидеме блиски и треба да се разгледуваат сите барања коишто ќе дојдат од двете страни и треба да се уважуваат на реципроцитет, ако не тогаш имаме доминација.

„Она што гледам е дека никој не води грижа за македонските национални интереси и јас се сомневам дека оваа гарнитура беше поставена поради тоа да ја демонтира секоја национална помисла и да го демонтира секој отпор од наша страна. Договорот со Бугарија и не е финале, тоа е само увертира во промена на името“, потенцираше Петровски.