Петровски до Героски: Изрод е комплимент за ова што го правиш!

(ФБ статус на Филип Петровски)

„Пред неколку дена напишав дека Героски напаѓа се што е МАКЕДОНСКО, после една од неговите т.н. колумни, она мало парченце интернет на неговиот соросов портал во кој ги спроведува наредбите кои ги добива од своите стопани. Таму Ѓериз има чувство дека е некој важен лик чиј збор оддекнува подалеку од ѕвоното од омраза и антимакедонизам со кое се обвиен тој, како и неговите браќа и сестри по идеологија, пишува на својот ФБ профил директорот на Државниот архив на Македонија, Филип Петровски.

Тогаш Ѓериз дојде и започна да се пенави токму тука, на овој профил и се закашлуваше во сопствената пена, измислувајќи оправданија зошто патриотите ги нарекувал фашисти, и обидувајќи се по старите добропознати удбашки методи да го дисквалификува соговорникот (мене) за да ми ги девалоризира ставовите. Веќе видено илјада пати.

Но, никој не може да го дисквалификува Героски повеќе од Героски. Овој одработувач против Македонија вчера го проби дното и продолжи да копа уште подлабоко. Цела насловна на неговиот „Слободен печат“, она мизерно гласило полно со жолтица и гнев на распенавен квислинг, беше посветена на најновата антимакедонска фабула во која платеникот Ѓериз иницијативите за воспоставување на МАКЕДОНСКА ПЛАТФОРМА ги нарекува удбашки, националистички и такви кои ќе доведат до војна.

Од друга страна албанската платформа Героски ја продава како врв на демократијата и (одамна) повикува да се зборува за федерализација на Македонија. Сега, по примерот на неговите ментори Заев, Шекеринска и Милчин, вели и дека за 10 минути би го решил и името и знамето и химната и грбот и јазичното прашање.

Е види вака Герис, единствениот грб кој ти може да го решиш и за кој му се нудиш на албански политичари да ги советуваш и да им даваш планови, е твојот сопствен грб, колку што ти крепи. Единствениот јазик за кој може да решаваш е сопствениот, дали ќе го држиш зад заби или ќе го исплазиш на ачик за сите да те гледаат повторно и повторно каков антимакедонец си.

И тоа тебе ти е јасно. Само си толку очајно зачаурен во сопствениот меур од пенавење и панично сакаш да си важен, што си спремен Македонија да ја продадеш за малку слава и важност. Како што си спремен други делови од себе да продадеш и да мафташ со опашката над тие делови ако твојот стопан ти нареди тоа да го направиш.

Изрод е комплимент за ова што го правиш. Ама Македонија и Македонците гледаат. Немој да се лажеш дека вистинските патриоти пијат нафта или пелин како ти. Пишувај за стопанот и земај си ги парите. Ама еден ден ќе треба да се положи сметката“.

филип

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.