Петровски со порака до хулиганите: Повлечете се назад, народот ќе ги брани спомениците

Нашиот народ крваво ја извојувал својата независност и одлучил да ги одбележи главните  моментите на својата историја во главниот град. И доаѓаат некои луѓе да ги кршат тие споменици, за македонскиот народ не е прифатливо. И ние ќе ги браниме тие споменици. Сакаме да им порачаме на сите: Да се повлечат назад!

Нападите врз спомениците во Скопје, Филип Петровски ги нарече „терористички напади“ и за истите смета дека прават раздор и го загрижуваат граѓанинот.

Од народниот собир на ГДОМ во Велес, тој порача дека ваквите напади ги прават луѓе кои се на платен список на СОРОС и на некои странски невладини организации. Со масовен народен собир во четврток во Скопје, ќе ја испратат следнава порака:

Нашиот народ крваво ја извојувал својата независност и одлучил да ги одбележи главните  моментите на својата историја во главниот град. И доаѓаат некои луѓе да ги кршат тие споменици, за македонскиот народ не е прифатливо. И ние ќе ги браниме тие споменици. Сакаме да им порачаме на сите: Да се повлечат назад! Ако сакаат да протестираат или да ги истакнат своите барања, тоа е легитимно право. Но да уништуваат државна сопственост, сопственост на овој народ  нема да го дозволиме тоа. Затоа ќе се соберат илјадници луѓе во Скопје, рече тој во вестите на ТВ Нова.

Петровски упати порака до хулиганите кои дивеат и рушат: „Знаеме што прават, знаеме кој стои зад нив, знаеме дека сакаат да нема избори, знаеме дека сакаат да креираат хаос, тоа е недозволиво!“