Петровски: Ратка во Љубчовото време беше сива еминенција и глава на семејство

Исто како Ѓулистана и Ратка СОРОСОИДКА која што преку сокриените центри на моќ во Љубчовото време беше сива еминенција и беше глава на семејство (единствен пример во цел свет) кое имаше еден амбасадор во Вашингтон (синот Никола) и еден амбасадор во Москва (сопругот Димитар). Има ли некое семејство што не сака исто вака.

Филип Петровски преку статус на Фејсбук се огласи по соопштението кое го испратија лица потпишани како поранешни членови на ВМРО кои ја критикуваат државата. Во продолжение проследете го статусот на Петровски во целост.

Па, па, па повторно се јавија нови душегрижници за состојбите во ВМРО-ДПМНЕ. Но, ако внимателно се анализираат имињата на “потписниците” на најновиот памфлет за состојбите во Македонија се гледа следното. Некои не се вмровци. Ѓулистана игра на кратко паметење и лажно се претставува како пратеник на ВМРО. А да не беше на Сојуз за реформски сили пратеник? Се разбира подоцна по женска линија и блискост со Снешка си ги антидатираа пристапниците и се претставија за големи и стари ВМРОВЦИ. Но, тоа воопшто не се. Има премногу живи сведоци кои паметат се. Паметат како таа истата се наплати дебело за својата вмровштина. А кога веќе немаше што да наплаќа повторно заборави на партијата.

Денеска очигледно преку одредени соросови и антидржавни канали се стави во погон да се обиде да го ослаби најсилниот столб на државноста – ВМРО-ДПМНЕ.

Исто како неа и Ратка СОРОСОИДКА која што преку сокриените центри на моќ во Љубчовото време беше сива еминенција и беше глава на семејство (единствен пример во цел свет) кое имаше еден амбасадор во Вашингтон (синот Никола) и еден амбасадор во Москва (сопругот Димитар). Има ли некое семејство што не сака исто вака. Но, времето на Љубчо и Доста помина и веќе не е доволно да си бугарофил за да напредуваш неприкосновено и несметано.

А другите ликови потписници? Па самите одговорете си дали ги паметите по било што корисно направено за општеството додека биле на државни јасли? Се разбира знам дека одговорот ви е – а кои се тие ликови?

Е сега прашајте се кој ги стисна на дугме и ги повика да ја слабеат македонската позиција, а во интерес на некаков нов иден државен договор на штета на маледонските национални интереси..

Среќа што овој народ памети. И среќа што тие што играат на карта на негово потценување се само ронки од силното јадро кое овие 25 години независност го создадоа, наспроти сеуште живите планови за уништување на Македонија.

Јас да ви кажам, т.е. да ви ветам додека сме ние тука Македонија нежа да ја клекнете на колена. За ниеден странски интерес или тесна ваша потреба за амбасадорска позиција.

Да сте живи и здрави историскиот процес ве избриша како неважни.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.