Петровски: СДСМ сака на власт без избори, капацитетите на МВР се многу посилни од 2001-ва

Народот го препознава сценариото, нема некакво бранување поради бомбите. Има малограѓанштина и воајеризам кога слушаме кој што си зборел, рече Филип Петровски во Сител 3.

Тој вели дека СДСМ сака да дојде на власт без избори.

-Бараат техничка Влада која треба да ја изгласа парламентот. А ВМРО-ДПМНЕ има мнозинство. Тоа значи ВМРО-ДПМНЕ дека треба да изгласа недоверба на премиер, и да направи Влада… Дали Украина им беше узор, дали некој нешто им вети на СДСМ. Резултатите не дадоа ефект. Да не заборавиме, изнесуваат нелегално стекнати разговори. Кривично дело е што ги поседуваат разговорите. Второ дело е произнесување. Трето кривично дело е државна тајна што оддаваат. Четврто е поткупот на Заев. Се сомневам дека се погрева тензијата со овие случувања, рече Петровски.

Тој смета дека уплашеност имаше по првата бомба, луѓето мислеа што ќе се случи и слично, но сега се е опаднато. За среќа, капацитетите на МВР се сега многу посилни од 2001-ва.

-Различно се капацитетите на МВР во однос на 2001-ва, таму се исти луѓе кои од тогаш имаат искуство, чинови, технолошки повисоко опремени. Заев и СДСМ за се плаче и ја кодоши Македонија кај меѓународната заедница. Тој глуми жртва, затоа беше оставен да се покаже каков е. Јас сум радикал, мислам потврдо треба да се игра. Истрагата привршува, а мислам дека брзо ќе финишира со разјаснување на сите работи, вели тој.