Петровски: СДСМ се наследници на структурата што се пресметуваше со чистата македонска мисла

Својот политички став по одношението на обидинението на македонскиот народ, односно Македонија, јас го изложив во моите напред споменати порано дадени објасненија, и тоа обединение на македонскиот народ го сметаам како последен долг, спрема својот народ, кој е многу измачен, особено со подлебата на Македoнија на три дела од 1912 година. Поради тоа доколку би ја успеал да се префрљим во Америка, ако би ми се дала возможност , јас би тој свој политички став јавно го изнесол со цел да допринесам за обединението на макеоднскиот народ….

Ова е извадок од записник, кој што е објавен во едицијата „Црните странци на УДБА“ , а бил изнесен од Обвинителот Бошњаковски во случајот против Методиј Андонов Ченто презентиран од старана на Филип Петровски во синоќешната емисија на Јанко Илковски – „Јади Бурек“, по повод неодамнешната презентација на едицијата под издаваштво на ДАРМ.

-Ченто е многу значајна фигура за која што многу малку се знае, не само што е дистанциран, но е и елминиран, со тоа е направен историски рез, во развојот на мислата на македонците за посебна држава. Практично е воведена страхо влада, ставено е до знаење дека ако може да се тргне Претседателот може да се тргне било кој, сите од Президиумот на АСНОМ кој што не размислуваат на иста линија, како еден Брашнаров се тргнати, практично ние имаме киднапирање на македонската суверена политичка идеја за слободна држава, истакнува Петровски.

Како што потенцира Петровски, Ченто е апсен зошто сакал Макеоднија да биде независна.

-На него му забележала УДБА и по тој конткест е апсен, дека сакал да бега од Македонија и да оди на мировната конференција во Париз и да зборува за обединување на Македонија, тоа сакал да го направи под покровитрелство на Америка и Британија, доколку немало да успее тоа да го направи, тој бил спремен да се врати во Егејска Македонија и таму да има вооружен бунт, односно да се бори за обединување на Македонија“.

Дополнително тој истакнува:

„Значаен момент е што се споменуваат САД и Британија, држави кои што денес учествуваат во историските процеси модерни и политички во Македонија, но со една сосема променета улога, можеби би требало нивните амбасадори да ги прочитаат овие досиеја, да видат каков бил односот на Македонците кон нивните дипломатии, односно нивните држави“.

„Ова не е учено во учебниците по Историја, јас пак ќе кажам обединението или обединувањето на македонскиот народ е сметано за нешто што е анахроно или нешто што било фантазија, фантазмагорија, нешто што ние си го замислуваме како романтични националисти“.

„Партијата СДСМ се прогласи за наследник на партијата што ова го правеше на СКМ. Се разбира они сакаа да бидат наследник, поради тоа што тие сакаа да го присвојат имотот, но присвојувајќи го имотот и прогласувајќи се за наследници на оваа структура што вака се пресметуваше со чистата македонска мисла, они се наследници и на злосторот и токму поради тоа и треба да се извинат за тој злостор, тоа е многу сериозна работа која што верувај нема да ја премолчат, само уште не им е јасно што има внатре, рече Петровски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.