Петровски: Утре на масовен собир да му кажеме стоп на Заев!

Петровски: Утре на масовен собир да му кажеме стоп на Заев!
Петровски: Утре на масовен собир да му кажеме стоп на Заев!
Барањата на Заев се невозможни. Собранието не може да се свика, тое е распуштено поради тоа што се закажани предвремени парламентарни избори. Тие избори се закажани по негово барање, на договор кој што го потпиша и самиот тој. Очигледно е дека Заев не сака да оди на избори бидејќи знае дека истите ќе ги загуби. И очигледно е дека сака да ја дестабилизира и понатака Македонија, со што би ја ослабнал и би ја направил плен на странски интереси, истакна Филип Петровски од народниот собир на ГДОМ од Прилеп.

Петровски ги покани сите на утрешниот собир на ГДОМ во Скопје.

-Сакам да ги поканам сите Македонци да му кажеме стоп на Заев. Ние ќе ја одбраниме Македонија. Утре ќе имаме огромен, огромен протест во Скопје за да не видат колку сме и да им порачаме дека Македонија може да излезе од криза на 5 јуни.