Македонија

Петровски за РСМ: Заев е ранет ѕвер кој е опасен за околината

Петровски за РСМ: Заев е ранет ѕвер кој е опасен за околината

Зоран Заев се обидува да ги навлече во кривично дело и своите соработници бидејќи е очаен во обидот да ја победи владата на ВМРО- ДОМНЕ, вели во интервју за Пулт на Радио Слободна Македонија поранешниот пратеник и доктор на политички науки Филип Петровски.

„Станува збор за личност заплеткана во сериозни проблеми поради целата оваа операција. Јавноста ги глeда тие проблеми. Ова нe се работи кои не се гледаат. Дополнително му се отвори и нова истрага. Тој не само што е аплициран туку го повторува делото уште еднаш“, вели Петровски.

Смета дека порано или подоцна Заев ќе стане опасен буквално за сите и дека од неговите креирани материјали ќе настрадаат и неговите соработници.

-Он сака сега да ги повлече во кривична процедура целото раководство на СДСМ ако може бидејќи мисли дека нема да може да се поднесат 30 пријави за истото дело. Заев е во состојба на рането животно и сега е најопасен и тоа за околината негова. Видовте што направи со Тачи, откако Тачи ги објави смс пораките во кои го моли да ја урнат владата, сега Заев вели добро, сега ние ќе и покажеме на јавноста кој си ти. Станува агресивен, неконтролабилен, ќе прави се поголем проблем за луѓето околу него. Ќе настрада вториот круг на соработници. Првиот круг се заслепени, они мислат дека веќе дошле на власт, не дека ќе дојдат. Ако они изгубиле контакт со реалноста ние не можеме да им помогнеме, вели Петровски за Пулт.

Тој најавува голем митинг на владејачката партија за во недела кога очекува дека СДСМ ќе се соочи со сериозната структура и огромната поддршка која ја ужива партијата на Никола Груевски.