Петта крводарителска акција во МНР

По петти пат денес во Министерството за надворешни работи на Република Македонија се одржа крводарителска акција.

Вработените во Министерството доброволно даруваа крв во рамките акцијата што претпладнево се одржа во просториите на Министерството.

Петта крводарителска акција во МНР
Петта крводарителска акција во МНР

Оваа хумана активност е во рамките на традиционалната соработка што Министерството за надворешни работи на Република Македонија ја има со Институтот за трансфузиона медицина. Според предвидената динамика, вработените во Министерството два пати годишно организираат акции за собирање на драгоцени крвни единици.

Крводарителството спасува животи, промовира  солидарност, едноставно потсетува на една голема мудрост дека човекот е голем онолку колку што дава.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.