Петте национални телевизии побараа поддршка за нивниот предлог

Македонската медиумска асоцијација (ММА),  сочинета од петте национални телевизии на вонреден состанок, денес расправаше за регулирањето на медиумската сфера во Македонија. Од ММА побараа четирите најголеми политички партии да го поддржат нивниот предлог за медиуми и за истиот да се расправа.

Нема потреба од менување на постоечкиот закон

Македонската медиумска асоцијација-ММА (Сител, Канал 5, Алфа, Алсат и Телма)  смета дека нема потреба од менување на постоечкиот закон од медиумската сфера кој е со европско знаменце и е донесен пред 20-тина месеци.

Пред два дена на средбата со премиерот за спроведување на изборите Емил Димитриев тие ги искажаа своите ставови. Според нив, она што треба да се направи е да се инкорпорираат во постоечкиот закон нивните предлози кои, пред се, се однесуваат на намалување на казните и на регулирањето на авторските права кај кабелските оператори.

Од името на петте национални телевизии сметаме дека овој закон е сосема доволен со инкорпорирање на нашите барања кои пред се се однесуваат на намалувањето на драконски високи казни и регулирањето на авторските права кај кабелските оператори, изјави Иван Мирчевски.

Тој додаде дека се подготвени да ги достават нивните предлози до Владата и до сите политички партии.

Сметаме дека тоа се вистинските измени кои ќе донесат разрешување на накаква нејасна позиција на медиумите, рече Мирчевски.

За петте национални телевизии е прифатлив и изборниот кодекс за однесување за време на изборите.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.