Петти Меѓународен турнир во одбојка на песок „Скопје 2014“

Тридневниот петти Традиционален меѓународен турнир во одбојка на песок „Скопје 2014“ ќе стартува на двете игралишта на песок на Градската плажа „Парк“, во вечерните часови на 25.07.2014 година (петок).

„Радува податокот дека со изградбата на двата одбојкарски терени на кејот на Вардар во Скопје почнаа да се реализираат успешни турнири во одбојка на песок, проследени со голем интерес во регионот, каде покрај квалитетните македонски играчи, редовно се пријавуваат и исклучителни спортски двојки од странство. Исто така, треба да се истакне дека искористеноста на игралиштата на песок е на исклучително високо ниво, особено кај младата популација, а за тоа секако придонесе и одлуката на Градот Скопје, терените да се користат бесплатно. Би сакал да ја искористам оваа можност и да ги повикам сите граѓани на Скопје, во овие три дена, од петок до недела, да присуствуваат на некои од натпреварите и да уживаат во врвна одбојка на песок, токму во овој период на годината или поточно во срцето на летото кога температурите се високи. На сите натпреварувачи, како и на организаторите им пожелувам успешен турнир – истакна градоначалникот на Град Скопје,“ изјави Коце Трајановски.

На Турнирот што почнува во петок, а ќе заврши во недела на 27 јули ќе учествуваат петнаесетина двојки во женска и исто толку двојки во машка конкуренција од нашата земја и регионот, меѓу кои: Албанија, Србија, Бугарија, Србија, Црна Гора, Хрватска и Македонија.

Град Скопје е генерален покровител на настанот и преку Програмата за спорт Град Скопје од Буџетот издвојува 400.000 денари, а турнирот е во организација и реализација на Одбојкарската федерација на Македонија.