Петти пораз за македонските кошаркарски јуниори

Повторно пораз за нашите млади кошаркари

За нашите надежи ова беше петти пораз на исто толку натпревари во рамки на групата Д и во продолжението од првенството ќе игра за пласман од 17 до 24 место.

Во натпреварот против домаќинот на турнирот, избраниците на селекторот Саша Димитријевиќ беа рамноправни три четвртини, но паднаа во последниот период кога примија дури 27 поени што беше и решавачки за поразот. Најефикасни во нашиот состав беа Робев со 17 поени и Димитријевиќ со 14 поени.

Денес на ЕП Б-дивизија во Австрија е слободен ден, а потоа нашите кошаркари ќе играат најверојатно против последната селекција од Групата Ц Шкотска.