Петто па машко, кавадарчанка доби син по четири ќерки

Градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов го посети Гинеколошкото одделение во Општата болница каде ги даруваше првороденото машко бебе и сите новороденчиња.

Првороденото бебе е петто во семејството на 26-годишната Суада Муниши, која има и четири девојчиња.

„Симболично земено ова е машка година. Раѓањето на што поголем број деца е важно за популационата политика што ја водат општината и државата“, изјави Панов, додавајќи дека со одлука на Советот на општината секое новороденче ќе добива по шест илјади денари.

Началникот на Гинеколошкото одделение д-р Бранко Поповски информираше дека првороденото бебе е со тежина од три килограми и 200 грама и долго 49 сантиметри.

„Посебно радува фактот што на 26-годишната мајка Суада Муниши ова и е петто чедо. Петто, па машко. Останатите четири се девојчиња“, истакна началникот на Гинеколошкото одделение д-р Бранко Поповски.

Суада Муниши пред девет месеци сакала да го абортира детето. Интересен е и фактот дека таа во 2005 година исто така го родила првото дете во годината.

Минатата година во Кавадаречката болница се родиле 552 бебиња од кои 299 машки. Во регионот имало се повеќе треторотки и четворотки.