четврток, 30 март 2017  |  Вести денес: 41

Петто прскање против комарци ова лето

prskanje-komarci

Последни вести

Градот Скопје ги известува граѓаните дека пeттиот наврат од авионската и од терестричната дезинсекција во 2016 година, против возрасни форми на комарци, ќе почне на 27.08.2016 година (авионска) и 28.08.2016 година (терестрична).

Имено, аеросолната дезинсекција (авионска) ќе се одвива на 27.08.2016 година (сабота) и на 28.08.2016 година (недела), во периодот од 5:30 до 10 часот.

Аеросолната дезинсекција (терестрична), против возрасни форми на комарци, ќе се одвива во деновите од 28.08.2016 година до 01.09.2016 година (од недела до четврток), во периодот од 23 до 4 часот, наредниот ден.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на аеросолната дезинсекција, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин, а согласно на тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција.

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Најчитани вести