„Пежо“ се преврте пред Охрид

Автомобил „пежо“ утринава се преврте пред влезот на Охрид во близина на црквата „Св. Петка“.

Автомобилот кој е со охридски регистерки таблички излетал од патот и завршил превртен на покрив, но за среќа повредени нема.