Пиење вода наопаку – Трик со кој ќе престанете да икате

Икањето е чест проблем кој се јавува скоро кај сите луѓе. Тоа претставува несакано контрахирање на дијафрагмата.

Дијафрагмата е мускулот кој ги разделува белите дробови и градите од абдоменот.

Постојат многу причини за појавување на икање. Може да биде одредена храна, спастична мускулна контракција, прејадување (преполн стомак), а причините може да бидат и медицински –т.е. појава на инфекција под дијафрагмата.

Вообичаено, икањето се создава кога разни иританти влегуваат низ душникот или хранопроводот и дијафрагмата започнува да се контрахира.

Еден од најчестите начини да се запре икањето е да го задржите здивот.

Но, постои уште еден начин кој е докажан дека во 100% од случаите го запира икањето, дури и кај човек кој не можел да запре да ика цела недела и поради тоа имал силни болки во абдоменот и не можел да јаде.

Трикот се состои во тоа да пиете вода од спротивната страна на чашата.

Поточно кажано, да ја оставите чашата на тврда подлога и да пробате да се напиете само со устата без употреба на рацете т.е. да ја наведнете главата и така да пиете од спротивната страна наместо од страната од која вообичаено пиете.

Ова функционира поради уникатниот начин на кој се контрахираат мускулите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.