Пијан Американец натепал двајца пријатели во Скопје

Дваесет и шестгодишен Американец, кој живее во Скопје, ноќеска под дејство на алкохол нападнал двајца свои пријатели за време на семејна веселба во центарот на Скопје, информира денеска полицијата.

Инцидентот се случил околу 2,30 часот кога пијаниот Р.М. од Калифорнија во стан на улицата Мито Хаџивасилен Јасмин ги нападнал Т.Т. (64) и А.Т. (29) кои по нападот се пренесени на лекување во Ургентниот центар во Скопј.

Полицијата најави соодветна пријава против Американецот.