Пијан битолчанец со секира нападнал сосед

Пијан битолчанец со секира нападнал сосед во неговиот дом, во понеделникот во Битола, информираше МВР. Станува збор за М.М.(54) од Битола против кого е поднесена кривична пријава за загрозување со опасно орудие при тепачка или караница.

Според полицијата, инцидентот се случил  половина час по полноќ во домот на Е.С.(35), кој бил со неговите родители, сопругата и двете малолетни деца. Осомничениот, кој бил под дејство на алкохол, почнал да се расправа со Е.С. кој повикал полиција.

Вербалната расправија била прекината кога М.М. со секира се обидел да го нападне соседот. Во намерата бил спречен од полицајците кои дошле на интервенција.