Пијан делчевец нападнал полицајци

Полициската станица во Делчево поднесе кривична пријава против И.Ј.(39) од Делчево, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело “напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста”.

Имано, пријавениот на 5.гевруари годинава додека полициски службеници вршеле службени дејствија тој во алкохолизирана состојба физички нападнал еден од нив фаќајки го за службеното палто и удирајќи го во пределот на главата при што му нанел видливи телесни повреди.