Македонија

Пијан делчевец со нож се заканувал дека ќе ја убие сопругата

Пијан делчевец со нож се заканувал дека ќе ја убие сопругата

Кривична пријава против заработи 37-годишниот Б.Н. од Делчево поради постоење основи на сомнение дека сторил  кривично дело „телесна повреда при семејно насилство“ и две кривични дела „загрозување на сигурноста при семејно насилство“.

Како што соопштуваат од МВР на 18.12.2014 година во семејниот дом под дејство на алкохол Б.Н. физички ја нападнал неговата сопруга при што и нанел телесни повреди.

Следниот ден повторно под дејство на алкохол во домот пријавениот со нож се заканувал дека ќе ја нападне неговата сопруга.

На 21.12.2014 година откако повторно се довел под дејство на алкохол Б.Н. во семејниот дом со нож се заканувал дека физички ќе ги нападне сопругата, нејзиниот татко и  брат.