Пијан и разголен Македонец нападнал грчки полицајци

Трисетгодишен скопјанец е осуден на 20 месеци затвор затоа што под дејство на алкохол нападнал тројца полицајци на островот Родос, пренесе во средата порталот Прототема повикувајќи се на грчкото министерство за внатрешни работи.
Македонескиот државјанин пред судот во Грција изјавил дека поради големото количество алкохолот што го испил не бил свесен што направил.
„Инцидентот се случил на 17 јуни на плоштадот Еврејски маченици во стариот дел на градот Родос. Откако се опијанил, македонскиот државјанин се соблекол гол и легнал на една од кафеанските маси. Кога пристигнале полицајците, го замолиле да се облече, но тој ги нападнал со предмети кои му биле при рака, поради што припадниците на грчкото МВР морале да го уапсат и да го однесат во најблиската станица“, изјавил Акис Димитријадис, портпарол на судот за прекршоци на Родос.

Според грчката полиција, на повиците на полицијците пијаниот гостин почнал да им се заканува и да ги напаѓа нејзините припадници кои се здобиле притоа со полесни повреди.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.