Македонија,Крими хроника

Пијан крадец фатен на дело, нападнал и полицаец

Пијан крадец фатен на дело, нападнал и полицаец

Пијан пробиштипјанец синоќа направил хаос, прво се обидел да ограби куќа, а кога полицајците се обиделе да го спречат, тој со нож нападнал еден од нив.

Вистинска драма се одвивала вчера во Пробиштип, соопшти денеска полицијата. Околу 21.30 часот во куќа на улицата Даме Груев се случила кражба. Соседите пријавиле дека во домот на нивниот 49-годишен сосед М.Ѓ. кој е на работа во странство има крадци. Полицајците веднаш пристигнале во куќата каде го затекнале крадецот како ги пребарува собите. Тој прво насилно ја отворил влезната врата од куќата каде знаел дека нема никој и почнал да пребарува за вредни предмети. Полицајците се обиделе да го спречат, но тој извадил нож и повредеил еден од нив, нанесувајќи му расекотина на десната дланка.

Откако го совладале, го привеле во станица каде е утврдено дека арамијата е 33-годишниот Д.Е. од Пробиштип кај кого се измерени  1.69 промили алкохол во крвта.

Полицијата работи на расчистување на инцидентот, по што ќе следат соодветни пријави на насилникот.