Пијан кратовчанец нападнал полицаец

Вчера во Кратово во УО „Паб Корнер“ по пријава за нарушен јавен ред и мир, од страна на полициски службеник излезено е на местото на настанот, и при приведување на С.И.(41) лицето Н.П.(27) од Кратово, ги спречувало полициските службеници во вршење на службени дејствија, при што еден од полициските службеници се здобил со телесни повреди во пределот на десната нога.

Истиот е пренесен во Здравствениот дом во Кратово, а потоа во Медицински центар во Куманово.

Н.П. е лишен од слобода и задржан во ПС-Кратово, каде му е извршено алкотестирање, при што е утврдено присуство на алкохол во крвта од 1,61 промили.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.