Пијан кратовец му искинал вратоврска на полицаец

На крстосница во Кратово, вчера во 16.45 часот, пред полициско возило излегол З.Ц., кој бил под дејство на алкохол и почнал да ги омаловажува полицајците.

МВР соопшти дека во еден момент се доближил до еден полициски службеник, го фатил за вратоврската и му ја искинал, по што со неговото „тико“ побегнал.

Кратовецот бил приведено и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од полицијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.