Пијан кумановец сакал физички да се пресмета со полицаец

Лицето Б.И. од Куманово доби кривична пријава откако вчера од страна на полицијата бил сопрен додека го управувал возилото ПМВ Мерцедес со кумановски регистарски таблички, поради сомнение дека го управува возилото во алкохолизирана состојба. По направениот алкотест, 29-годишниот Кумановец сакал со сила да си ги земе документите од полицискиот службеник, по што истиот е приведен во полициска станица.

За него, ќе следува соодветна кривична пријава.