Пијан малолетник нападнал полицајци

Двајца полицајци биле нападнати додека одговарале на повик за нарушување на јавен ред и мир вчера околу 18.05 часот во Свети Николе на ул. „Гоце Делчев“.

Н.П. и малолетно лице ги нападнале двајца полициски службеници кои излегле на местото на настанот, но физички биле нападнати од малолетникот. Најверојатно малолетникот кој ги нападнал полицајците бил под дејство на алкохол.

Од нападот, двајцата полициски службеници се здобиле со телесни повреди во пределот на раката, односно во пределот на усната.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.