Крими хроника

Пијан малолетник во критична состојба донесен на Токсикологија

Пијан малолетник во критична состојба донесен на Токсикологија

Петнаесетина минути по полноќ синоќа на Ургентното одделение во гостиварската болница бил донесен 15-годишен гостиварец, кој се затрул со поголема количина алкохол.

-Поради сериозно влошената здравствена состојба, укажана му е лекарска помош и неконтактибилен, малолетникот итно е пренесен на Клиниката за токсикологија во Скопје, информираат од СВР Тетово.

Оттаму додаваат дека се расветлуваат мотивите, околностите и се друго поврзано со труењето на малолетниот гостиварец.