Пијан скопјанец нападнал полицаец

Пијан скопјанец нападнал полицаец кој вршел увид по претходно нарушен јавен ред и мир.

Како што информираат од МВР, инцидентот се случил утрово околу 06.00 часот Скопје. Полицаецот бил нападнат на ул.„Св.Кирил и Методиј“ и ул.„Даме Груев“, пред полициската станица Центар.

Пијан скопјанец нападнал полицаец
Пијан скопјанец нападнал полицаец

Дваесет и осум годишниот Ш.Е. од Скопје, по претходно нарушен јавен ред и мир извршил напад над униформиран полициски службеник со удар со рака  во пределот на градите.

Откако истиот бил лишен од слобода пред влезот на полициската станица Центар повторно го нападнал полицаецот удирајќи го со удар во пределот на главата – вилицата.

На лицето е извршено алкотестирање, при што утврдено е дека има присуство на 1,97 промили  алкохол во крвта. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.