Крими хроника

Пијан штипјанец повредил полицаец

Пијан штипјанец повредил полицаец

Вчера во Штип на ул.„Сутјеска“ во земјоделската аптека, дошол Б.П.(51) од село Стар Караорман, штипско , започнал вербална расправија со Т.Л.(42), при што во еден момент извадил и нож на расклопување со кој му упатил закани дека ќе го нападне.

Од страна на полициски службеници, при обид да го лишат од слобода Б.П. истиот почнал да ги навредува, а во еден момент со тупаница удрил еден од полициските службеници. Над истиот е извршено алкотестирање и утврдено е 1,72 промили алкохол во крвта.

По целосно расчистување на случајот против истиот ќе биде поднесен соодветен поднесок.