Пијан штипјанец си ја претепал сопругата

Во полициската станица Штип, С.А.П.(31) од Штип, денес пријавила дека околу 00:30 часот во семејниот дом нејзиниот сопруг С.П.(31) без повод и причина ја удирал во пределот на телото и главата.

По нападот таа исплашена побегнала од домот.

На оштетената од страна на доктор и се констатирани телесни повреди.

С.П. е приведен во полициска станица, обавен е разговор со истиот, извршено е алкотестирање при што е утврдено 2,87 примили алкохол во крвта.

По целосно документирање на случајот против истиот ќе биде поднесена соодветна пријава