Македонија,Крими хроника

Пијан скопјанец дивеел во локал на „Ленинова“

Пијан скопјанец дивеел во локал на „Ленинова“

Полицијата синоќа го уапсила 40-годишниот скопјанец И.Ч. поради нарушување на јавниот ред и мир во угостителски објект на поранешна „Ленинова“.

Како што информираат од полицијата откако И.Ч.(40) од Скопје се довел во алкохолизирана состојба го нарушил јавниот ред и мир, при што бил опоменет од страна на полициски службеник но истиот му се обратил со погрдни и омаловажувачки зборови.

По приведувањето И.Ч. бил алкотестиран и утврдено му е присуство на 2,23 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на случајот против истиот ќе биде поднесен соодветен поднесок, најавуваат од полицијата.