Пијан скопјанец нападнал полицајци

Триесет и петгодишниот М.М. од Скопје вчера, видно пијан, нападнал полицајци на улица „Мито Хаџивасилев Јасмин“.

Во обид да биде легитимиран, тој започнал да ги омаловажува полицајците, а потоа со удар со глава и со тупаница ги нападнал.

Тој е приведен, а по целосно расчистување и документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.