Пијан скопјанец нападнат кај ТЦ „Бисер“

Педесет и четиригодишен скопјанец вчера во полициска станица пријавил дека го претепале тројца непознати мажи, на возраст од 20 до 25 години, во близина на трговскиот Бисер.

Повредениот веднаш бил однесен во болница, но прво бил транспортиран на Клиниката за токсикологија, за да отрезнат бидејќи бил пијан, а потоа во Ургентниот центар каде што било констатирано дека му е скршен носот.

С.С.(54) пријавил дека вчера околу 19.30 часот додека се движел по бул.“Јане Сандански“ кај Трговскиот центар “Бисер“ пред угостителски објект физички бил нападнат. Лицата го нападнале удирајќи го со раце во пределот на лицето, при што му биле нанесени видливи повреди.

Повредениот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплексот Клиники “Мајка Тереза“, но бидејќи бил под дејство на алкохол, прво бил однесен на клиниката за токсикологија, каде му била укажана лекарска помош, а потоа бил однесен во Ургентниот центар, каде по извршениот преглед и ренгенска снимка била констатирана тешка телесна повреда (фрактура на нос), информираат од МВР.