Пијан штипјанец без причина нападнал полицаец, информираше МВР.
Според полиција, инцидентот се случил вчера во 17.30 часот во Штип, на улицата Петар Брашнаров.
Таму имало нарупување на јавниот ред и мир, па дошла полициска патрола да интервенира.
Тогаш штипајенцот И.М.(25), кој не бил учесник во пријавениот настан, физички нападнал полициски службеник, по што избегал. Полицијата го идентификувала и пронашла напаѓачот, кој бил приведен.
По извршеното алкотестирање констатирано му е присуство на алкохол во организмот. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.