Пијан струмичанец фрлал тули по шалтерски работници

Вчера во 15,20 часот во Струмица на ул.„Ленинова“, во просториите на ЈУМЦСР-Струмица, А.К.(1973) од Струмица, фрлил тула со која го искршил стаклото на просторијата, по што тулата удрила во ѕидот и паднала во близина на шалтерите каде биле вработените.

Потоа зел една бетонска плочка со која го искршил стаклото на влезната врата и со нога почнал да удира по стаклото од просторијата каде биле вработените и истото го оштетил.

Од страна на УПС, тој е приведен во ПС-Струмица, извршено му е алкотестирање и утврдено присуство на алкохол во крвтта од 2,07 промили. Истиот е задржан во ПС до отрезнување, а во консултација со ЈО ќе му биде поднесена кривична пријава.