Македонија,Крими хроника

Пијан струмичанец поткупувал полицајци

Пијан струмичанец поткупувал полицајци

Струмичанец кој возел пијан се обидел да ги поткупи полицајците за да не го приведат.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи соопшти дека 38-годишниот Б.Г. од Струмица си заработи кривична пријава бидејќи се обидел да поткупи полицајци.

Пред четири дена  околу  22.35 часот при вршење на контрола на патниот сообраќај полициски службеници се обиделе да запрат возило кое го управувал пријавениот при што истиот не сопрел.

Б.Г. бил проследен и сопрен при што е  извршено алкотестирање и кај него е констатирано 1,82 промили алкохол. Сакајќи да избегне казна, тој  на двајцата полициски службеници им понудил 50 евра за неизвршување на службените дејствија.