Пијан тетовец ја претепал и со нож и се заканувал на сопругата

Триесет и седумгодишната тетовка Ж.Р, вчера попладне пријавила семејно насилство што претходно го извршил нејзиниот 42-годишен сопруг Б.Р.

-Видливо алкохолизиран, Б.Р. дошол дома и започнал вербално да се расправа со неа, да ја навредува и да и се заканува дека со нож ќе ја убие, по што со дрвен стап удирал по масата и вратата, но и физички ја нападнал, удирајќи ја по главата и телото, а за што побарала и кривичен прогон, информираат од СВР Тетово.

Набрзо, Б.Р. е приведен, задржан и потоа е пуштен, а по целосното рачистување на случајот ќе се соочи со соодветен поднесок.