Пијан тетовец киднапирал сограѓанка

Тетовец вчера во полициска станица пријавил дека забележал непознато машко лице со патничко возило „опел вектра“, како на сила присилил девојка да се качи во неговото возило и потоа со голема брзина се упатил зад Клиничката болница Тетово.

Од страна полицијата веднаш е излезено на местото на настанот, при што лицето е пронајдено и е утврден е неговиот идентитет.

Се работи за П.М.(25) од Тетово над кого е извршено алкотестирање и е утврдено дека има присуство на алкохол во крвта.

Истиот е задржан во СВР Тетово и по целосно расчистување на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.јан