Пијан тетовец му се заканувал на татка си: Ќе ја кренам куќата во воздух

Пијан тетовец во жестока расправија со татка си му се заканил дека ќе ја крене куќата во воздух.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, пред два дена 31-годишниот Г.Ѓ. под дејство на алкохол започнал караница со својот татко.

Додека се расправале во нивниот дом, пијаниот насилник му се заканил дека со експлозивно средство ќе ја крене куќата во воздух. По пријавувањето на заканата,  во подрумската просторија на куќата пронајдена била тромблонска мина, која е фотодокументирана, подигната и ќе се вештачи.