Крими хроника

Пијан велешанец нападнал полиција во црква

Пијан велешанец нападнал полиција во црква

Вчера вечер на народен собир во велешкото село Чашка во дворот од црквата „Св.Климент Охридски“ е уапсен жител на селото кој  предизвикал инцидент, соопштија од полиција.

27-годишниот А.А. од Чашка, во алкохолизирана состојба го нарушил јавниот ред и мир, навредувал, а нападнал и полиција која била задолжена за редот.

Против него денеска е поднесена пријава.