Македонија

Пијан велешанец се пресметувал со полицијата

Пијан велешанец се пресметувал со полицијата

Педесетипетгодишниот В. Б кој бил видно под дејство на алкохол нападнал полициски службеници кои интервенирале по претходно нарушен јавен ред и мир.

Како што соопштуваат од МВР, инцидентот се случил синоќа околу 01.55 часот во н.Чашка, велешко, во УО„Дац“. В. Б.  физички го нападнал едниот полициски службеник удирајќи го со двете раце во пределот на градите, а другиот полициски службеник го каснал со забите во пределот на левата рака.

В.Б бил приведен и во полициската станица повторно физички нападнал полициски службеник удирајќи го со глава во пределот на градите. По целосно расчистување и документирање на настанот против В.Б. ќе биде поднесен соодветен поднесок.