ВИДЕО: Камен пијан возел комбајн, цело село спасувало жива глава

ВИДЕО: Камен пијан возел комбајн, цело село спасувало жива глава

Пијан комбајнер вчера предизвикал вистински хаос во штипско Кучичино.

Комбајнерот, видно пијан дивеел среде селото каде во моментот имало најмалку триесетина жители, пренесува ТВ Стар.

-Дојде од онаму, удри во ѕидот. Овде имаше 20-тина деца, ако не го спореа навреме, сите ќе ги згазеше, рече жител на село Кучичино.

Диивеењето го смирил жител од селото кој за да го споре комбајнерот, на ризик го ставил сопствениот живот:

-Горан се качи да го сопре. За малку ќе загинеше, велат очевидците.

Триесетината присутни жители денес се’ уште се во страв од она што можело да се случи. За среќа, поминале добро:

-Нема жртви, ама беше страшно. Можеа да загинат многумина, велат тие.