сабота, 3 декември 2016  |  Вести денес: 48

Пијан возач усмрти велосипедист кај штипско Аргулица

Од добиените повреди С.С. починал на лице место, а смртта била констатирана од екипа од Итна медицинска помош. Врз возачот било извршено алкотестирање кое покажало присуство на 1,60 промили алкохол во крвта.

полиција

Последни вести

Осумдесет годишниот С.С. од Штип вчера попладне го загуби животот во сообраќајна несреќа која се случила на регионалниот пат кај штипското село Аргулица.

Од полицијата информираат дека до несреќата дошло откако штипјанецот В.Д. (51) управувајќи автомобил „Лада Нива“ удрил во С.С. кој управувал со велосипед.

Од добиените повреди С.С. починал на лице место, а смртта била констатирана од екипа од Итна медицинска помош. Врз возачот било извршено алкотестирање кое покажало присуство на 1,60 промили алкохол во крвта.

На местото на несреќата увид извршиле јавен обвинител и екипа од СВР Велес. Телото на починатиот е предадено на обдукција.

Најчитани вести