Пијан возач предизвикал карамбол во Тетово

Синоќа околу 19.20 часот пијан возач предизвикал карамбол на булеварот „Видео Смилевски Бато“ во Тетово.

Како што соопшти СВР Тетово 55- годишниот жител на тетовското село Сарачино со автомобил „голф“ поради неприлагодена брзина удрил во три возила што биле паркирани, „лада рива“ и два мерцедеса.

Возачот се здобил со телесни повреди по што бил пренесен во Клиничкиот центар во Тетово, по што бил пуштен на домашно лекување. Вкупната материјална штета што ја направил пијаниот возач се проценува на 100.000 денари.