Пијан возач прегази три малолетни деца

Три малолетни девојчиња настрадале кога поминувале улица на пешачки премин во Загреб.

На нив налетало комбе управувано од 55 –годишен пијан возач кој ги удрил децата.

Едно од девојчњата се бори за живот, две се полесно повредени.

Несреќата се случила вчера околу 19:15 часот. На возачот му биле измерени 1,34 промили на алкохол во крвта.