Крими хроника

Пијана Американка се повредила при симнување од автобус во Скопје

Пијана Американка се повредила при симнување од автобус во Скопје

Како што информира денеска Министерството за внатрешни работи,  К.Ј.Г. била донесена синоќа во Ургентен центар Скопје со возило на Итна медицинска помош, каде и се констатирани тешки телесни повреди, по што била препратена на Клиниката за максилофасцијална хирургија.

Над неа било извршено алкотестирање, при што е утврдено дека има присуство на алкохол во крвта од 3,39 проценти. Од страна на екипа од СВР Скопје извршено  е фотографирање на автобусот. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.