Пијаната Хурем заврши во болница во Белград

Турската актерка Мерием Узерли последните две недели престојува во Белград каде го снима својот најнов филм. Како што пишува српски „Курир“ познатата Хурем се забавувала на еден сплав заедно со нејзиното момче Озан Гувен, а од премногу алкохол и се слошило, поради што веднаш била пренесена во болница каде и била укажана медицинска помош.

Неименуван извор за српски „Курир“ вели дека Хурем побарала да го напушти сплавот мислејќи дека на свеж воздух ќе и биде подобро. Сепак, на крај морала да биде пренесена во болница. Лекарите констатирале дека не се работи за нешто сериозно, туку дека поради големиот умор, пијалокот дејствувал мошне брзо и предизвикал голема мачнина. Нејзе веднаш и станало подобро откако примила витамински коктел и инфузија.