Полицајци јаделе ќотек од пијани тетовчанки

Две пијани девојки од Тетово нападнале полицајци, соопшти МВР. Инцидентот се случил по претходната расправија на девојките со нивни сограѓанин, околу сообраќаен прекршок, изминатава ноќ, околу полноќ на улицата Иво Лола Рибар во Тетово.

Дваесет и тригодишниот Н.А. со своето возило се движел по улицата кога патот му бил пресечен од страна на автомобил во кој се наоѓале девојките Ј.М и Л.В. Двете, висно алкохолизирани, почнале расправија со момчето.

Kога пристигнала полицијата, Ј.М. му се нафрлила на Н.А, а потоа почнала да удира и еден од полицајците. Тогаш и Л.В. им се спротивставила на полицајците и почнала да ги попречува во приведувањето на пријателката.

Полицијата двете ги однела во станица, од каде што утрово, откако се отрезниле, биле пуштени. Против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, информира МВР.